ВМРО-ДПМНЕ ќе поведе надворешно политичка иницијатива за пристапување на Република Македонија кон иницијативата „Три мориња“ во која што членуваат дванаесет европски земји.
„Се работи за иницијатива која што покрива еден милион и двесте илјади километри квадратни и повеќе од 110 милиони жители. Членки на оваа иницијатива се Литванија, Естонија и Латвија, Полска, Унгарија, Чешка, Словачка, Австрија, Словенија, Хрватска, Романија и Бугарија. Во изминатата недела делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ за време на посетата во Вашингтон , за време на средбите со претставниците на Стејт департментот на Белата куќа, како и на Тинк Тенк заедницата вклучувајќи ги и средбите со конгресмените и сенаторите ја споменавме оваа идеја и оваа идеја за членство на Република Македонија во иницијативата на ‘Трите мориња’ апсолутно наидува на поддршка од Вашингтон“, рече Ѓорчев.