Ѓорчев: Како Колумбија на Балканот да сме, во секое маало има пукање, обложувалници и казина!

by fokus

Бурна е денешната расправа во Собранието за просторите за игри на среќа. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев вели дека криминалот е зголемен во Република Македонија.

„Секој ден има пукање, како Колумбија на Балканот да сме. Тоа е кога во секое маало има обложувалници и казина. Имаме експлозија на криминалот, а владата не донесе ниту една фабрика“, истакна Ѓорчев.

Поврзани новости