Ѓорчев: Јас како претседател и Мицкоски како премиер ќе појдеме низ светот за да привлечеме нови инвеститори

by fokus

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, кој е еден од претендентите за претседателски кандидат на партијата, веќе ја почна својата кампања со секојдневни посети низ Македонија. Тој вчера објави фотографии од своите посети во Чашка, Велес, Сопиште, Аеродром и Кисела Вода.

Фотографиран со лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, Ѓорчев порача дека како претседател ќе се заложи за враќање на некои од економските политики на претходната власт.

„Три важни работи:

1. Прво, имам бесконечна доверба во членството и делагатите на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ. Се надевам дека ќе бидам избран за кандидат.

Секој резултат ќе го почитувам. Секој претседателски кандидат избран на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ ја има мојата целосна поддршка.

Од понеделник тргнуваме заедно да ги поразиме Заев и СДСМ.

2. Второ, Hristijan Mickoski ја има мојата целосна поддршка како претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Изминативе 15 месеци, сега во моментов и понатаму стојам зад неговата напорна работа во овие тешки околности за државата и ВМРО-ДПМНЕ.

Во следните месеци и години треба да се насочиме кон штетните политики на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ е најсилна како обединета и сплотена структура.

Христијан Мицкоски е нашиот кандидат за премиер на следните парламентарни изботи, а потоа мандатар и претседател на Владата на Република Македонија.

3. Трето, како претседател на Република Македонија, после првиот ден со Мицкоски како премиер, ќе иницирам повторно основање на тимовите за странски инвестиции.

Ќе го вратиме времето кога во Македонија се отвораа фабрики и погони секој месец. Како претседател, подготвен сум со идниот премиер Мицкоски заедно да појдеме низ целиот свет за да привлечеме нови инвеститори и да се отвораат нови работни места.

Да расте стандардот и да ги задржиме младите. Заеднички и сплотено ќе се бориме за подобра Македонија.

Да победиме заедно. За Македонија“, напиша Ѓорчев.

Поврзани новости