Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев денес беше во посета на Берово и Русиново каде се одбележа 112 годишнината од смртта на Даме Груев.
-Утрово бев во село Русиново, Беровско. Во организација на ВМРО-ДПМНЕ ОК Берово беше одбележана 112-годишнината од смртта на Даме Груев. Македонија беше идеалот за кој што го положи својот живот на возраст од 35 години. Неговото дело, кауза и аманет се вековна инспирација за генерации Македонци. Македонскиот револуционер Даме Груев е основач и еден од најистакнатите членови на Македонската револуционерна организација. Возвишуван е како апостол и волјa на револуционерна Македонија. Даме Груев беше претседател на Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ТМОРО од 2 до 7 мај 1903 година, на кој беше избран за член на Главниот штаб на востаниците на претстојното Илинденско востание, во кое активно учествуваше. По неуспехот на востанието ја продолжи својата револуцинерна дејност. Во 1904 година претседаваше на Прилепскиот подвижен конгрес, а извесно време беше и претседател на Окружниот комитет на Скопскиот револуционерен округ и на Рилскиот конгрес, во октомври 1905 година.
Роден е на 19 јануари 1871 година, како 4-то дете во неговото семејство од Смилево. Загина за Македонија. Слава му!, стои во Фејсбук статусот на Ѓорчев.