Ѓорчев ја критикуваше Ангеловска, па се пофали дека успехот го постигнала во време на ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Пратеникот Влатко Ѓорчев на денешната собраниска расправа за предлозите за нови министри и заменици жестоко ја критуваше Нина Ангеловска и нејзината компанија.

Ја обвини дека на своите вработени им давала минимални плати и бараше да одговори дали дел од платата им ја давала на рака. Бараше и да објави список на вработени во својата приватна компанија и колку плата зема секој од нив.

Потоа Ѓорчев рече дека Ангеловска својата компанија ја развила во време на власта на ВМРО-ДПМНЕ, што покажувало дека условите за бизнис сепак биле добри.

Поврзани новости