Ѓорчев: Изборниот процес е компромитиран, секој ден ни се случува „Дурмо Турс“

by Фокус

Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ смета дека изборниот процес е компромитиран и дека веќе нема услови за регуларен и нормален изборен процес.

-Во последните неколку недели, Македонија е најлоша во Европа по бројот на заразени и починати. СДСМ е главниот „дистрибутер на хуманитарна помош“. Можете да видите нивни активисти со кутии на камери, се прават списоци, колку пари ќе се дадат итн. На нас секој ден ни се случува „Дурмо Турс“ по бројот на починати. Тогаш цела држава беше во жалост со денови, а сега владата ни вика ова е новата нормалност – рече Ѓорчев на Алсат М.

Поврзани новости