416
Ќе ги поддржиме сите чекори кои ќе ја приближат Македонија кон членството во НАТО, рече в.д. координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, по средбата на претставниците на партијата со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, која ја оцени како „добра и конструктивна“.
– Го информиравме Столтенбрег за политичкиот прогон кој се врши во Македонија, која е единствената земја во Европа во која има жесток прогон на опозицијата. Тој и се заблагодари на партијата за се што направила до сега за интеграцијата на Македонија во НАТО – рече Ѓорчев.
Тој информираше дека Законот за јазиците не бил тема на разговор со Столтенберг, но ја поздрави одлуката на Иванов да не го потпише законот.