426
Пратеникот Влатко Ѓорчев ја предводеше делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ која денеска на резидентните гробишта во Бутел положи свеќе на гробот на поранешниот претседател на Македонија, Киро Глигоров.
„Почит и сеќавање за Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија и учесник во АСНОМ. Штипјанец и Македонец. Се вложи себеси во градењето на независна Македонија. Вечна му слава“, напиша Ѓорчев на својот профил на Фејсбук.