ВМРО-ДПМНЕ денеска организираше протест пред Министерството за здравство под мотото „Здравје, а не провизии“.
-Ни рекоа „За Живот“ во Македонија, а државата е една голема гробница, ова ли е живот со 30 погреби дневно, стотици одат во соседството да се вакцинираат, а државата е во петте најлоши држави по смртност во светот, рече Влатко Ѓорчев на протестот кој започна со минута молк за сите 3 600 починати од коронавирусот во земјава.
Тој истакна дека не е нормално дневно да умираат по 30 луѓе од Ковид-19.
-Денеска во Македонија додека зборуваме во моментов се подготвуваат 33 погреби, денеска 33 семејства ќе ги испратат своите најмили и веќе никогаш да не ги видат, ќе молчиме затоа што власта не се ни дрзнува во Собрание да молчи за починатите свои сограѓани, минута молк затоа што болката е голема и затоа што мртвите се премногу, а неспособноста е ужасна, не е нормално да умираат по 30 луѓе дневно и никому ништо. Најнеспособни сме на светот, Врање за нас стана Шведска и Скандинавија, ова е фијаското во кое живееме, рече Ѓорчев.