Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, ги критикуваше економските политики на Владата на денешната собраниска седница за ребаланс на буџетот. Според Ѓорчев срамота е тоа што премиерот, Зоран Заев, промовирал инвестиција на КФЦ во Македонија како голем успех.
-Дојдовме до тоа премиерот да отвора сендвичара и да ја промовира како голем инвестициски успех. Ви сметаа стотиците инвестиции кои вработија илјадници луѓе и благодарејќи на кој е зголемен извозот, а КФЦ ја промовирате како голем успех. Наместо фабрики се отвораат сендвичари, загадување секој ден, глупости секој ден. Тоа е Македонија на Зоран Заев и на СДСМ – рече Ѓорчев.
Слаба е посетеноста на денешната собраниска расправа. Во салата присуствуваат околу десетина пратеници вкупно од власта и опозицијата.
Опозициските пратеници го критикуваат ребалансот, кратењето од повеќе ставки, и прашуваат каде се сега шарените револуционира да го кренат својот глас против, како што велат, погрешните политики.