Ѓорчев: Благодарност што бев пратеник, желба за успех до новите пратеници

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа ги објави целосните листи со кои ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи на престојните избори.

Јавноста веднаш забележа дека на листите нема некои од најистакнатите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во минатите состави како Влатко Ѓорчев и Илија Димовски.

Ѓорчев се огласи на фејсбук и им посака успех на новите пратеници.

-Огромна благодарност што бев пратеник. Желба за успех до новите пратеници.
Да живее Македонија! Да живее ВМРО-ДПМНЕ!, напиша Ѓорчев на фејсбук.

Поврзани новости