421
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се уште бурно реагира по неделниот референдум, критикувајќи на според нив, полнење кутии во некои од општините во Македонија. Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, насилници и бандити не смеат да одлучуваат на избори.
„Полнењето кутии е ОПАСЕН, преседан кој Македонија ја враќа буквално 25 години назад. Се работи за околу 30 000 уфрлени ливчиња. Бандити, рекетари и насилници НЕ смеат да одлучуваат на избори. За ова мора да има одговорност и некој треба да оди во затвор“, порача Ѓорчев.