Ѓорчев: Ако на СДСМ и се одземат гласовите од БЕСА, тогаш ВМРО-ДПМНЕ треба да формира влада

by fokus

Влатко Ѓорчев во вечерашното гостување на телевизија Телма за прв пат на едни избори беше резервиран и рече дека има тесна трка меѓу двете најголеми коалиции.

-Имаме тесна трка меѓу коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Факт е дека имаше помала излезност поради корона вирусот. ВМРО ДПМНЕ е победник во македонскиот блок. Ако и се одземат на СДСМ гласовите на БЕСА, принцип кој со години се практикуваше, тогаш ВМРО-ДПМНЕ треба да ја составува новата влада. Треба да видиме како е во сите изборни единици, но генерално има желба за промени, рече Ѓорчев.

Поврзани новости