Ѓорче Ставрески: Краткиот филм „Дали си маж”, од 1. јануари на една од најголемите платформи „Ејч-Би-О Макс“

by Fokus

Режисерот на „Исцелител“, своевремено наш кандидат за Оскар, Ѓорче Ставрески го сними својот втор филм „Дали си маж”, по негово сценарио кој од 1 јануари 2024 ќе се прикажува на една од најголемите стриминг платформи „Ејч-Би-О Макс“, соопшти тој во утринското гостување на „Слободен печат“.

„Исцелител ми е прв целовечерен дебитантски филм, се работеше долго време, започнат е 2015 а премиера имаше 2017. Земавме над 20 интернационални награди. Беше првиот филм на HBO македонски и беше кандидат за Оскар, си го изоди тој успешен пат. Ни даде видливост .Токму преку него се запознав со продуцентката Ивана Шекутковска, и веднаш потоа дојдовме до идеја, всушност и ова беше нејзина идеја да направиме еден краток филм. Да работиме на краткиот филм „Дали си маж“ – вели Ставрески.

„Дали си маж“ веќе сериозно почнува да се прикажува на светските филмски фестивали и добива позитивни критики.

„Филмот имаше среќа да го видат сериозни продажни агенти од Франција, Премиум филм од Париз и преку нив е договорена дистрибуцијата со „Ејч-Би-О Макс“. Тешко е да се дојде до таков престижен продажен агент и кога склучивме договор со нив, беше прашање на време кога ќе ги видиме плодовите на таа соработка. Тие не известија дека е склучен договорот. Имаме и фестивалски добар агент кој се бори за прикажување во Италија. Имавме прикажување и тука на Синедејс, Кине Нова, на Манаки и имаме одлични критики“, вели Ставрески.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и Филмскиот центар на Србија.

Поврзани новости