906
Лидерот кој го надгледуваше повлекувањето на советските сили од Авганистан во 1989 година, Михаил Горбачов, изјавил дека распоредувањето на трупите на НАТО од почеток било осудено на пропаст.
Тој изјавил дека НАТО и Американците немаат шанса да успеат и дека лошо управувале со сопствената кампања во Авганистан.
„Тие (НАТО и САД) требаше порано да го признаат неуспехот. Сега е важно да извлечеме поуки од она што се случи и да се погрижиме слични грешки да не се повторат”, било нагласено во дел од изјавата на Горбачов.