Горат трска и гуми кај Смилковското Езеро

by Fokus

Густ црн чад попладнево се шири од скопската населба Железара кон центарот на главниот град Скопје поради пожар.

Според првиот човек на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје, Ѕвонко Томевски, пожарот е кај Смилковското Езеро, но веќе е под контрола.

– Горат трска и гуми на Смилковското Езеро. Пожарникарите веќе интервенираат – кусо изјави командантот Томевски за „Макфакс“.

Фото – Нова Македонија

Поврзани новости