Горанците од Косово ѝ порачаа на Јотова: Овде нема Бугари и никогаш немало

by Fokus

Партијата „Наша иницијатива” од Косово, која ги застапува интересите на Бошњаците и на Горанците во земјата, изразува загриженост по повод ненајавената посета на потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова на Косово на 18 февруари, и вестите во Бугарија околу целта на нејзината посета, објави електронското издание на весникот „Илинден”.

Во реакцијата, партијата ја отфрла изјавата на Јотова дека на Косово „живеат околу 15.000 Бугари“, мислејќи на Бошњаците и на Македонците (Горанци) во областа Гора и Призренска Жупа.

Партијата смета дека на овој начин Бугарија ја злоупотребува својата положба и членството во Европската Унија, грубо мешајќи се во внатрешните работи на Косово.

„Ги осудуваме манипулациите на Софија и претставувањето на Бошњаците и Горанците на Косово како Бугари, пишува во реакцијата.

Партијата потсетува дека на пописот на населението во 2011 година, Бугари во општините Драгаш и Призрен „воопшто нема или се на ниво на статистичка грешка”.

 

Поврзани новости