Горан Весиќ започна штрајк со жед, одбива и храна, инфузија, но и терапија

by Fokus

Горан Весиќ, министерот за градежништво на Србија во оставка, започна штрајк со жед.

Според информациите, а како што најави, Горан Весиќ започнал штрајк со жед и не зема вода околу 20 часа.

Така, му се заканува целосна дехидрација, хипертензија, висок притисок.

На Весиќ му е многу тешко да го поднесе притворот без никакви докази. Лекарите најмногу се загрижени за неговата психичка состојба, изјавил за српските медиуми неговиот адвокат.

Министерот во оставка, поради влошена здравствена состојба е префрлен во Заводот за кардиоваскуларни заболувања на Војводина во Сремска Каменица, а познато е дека одбива храна, инфузии и терапија и според лекарот е на работ на срцев удар поради висок крвен притисок.

Поврзани новости