Либерално-демократската партија денеска на седмото Изборно собрание го резибра Горан Милевски за нејзин лидер. Противкандидати му беа Никица Корубин и Мирко Спирковски.
За генерален секретар на партијата е избран Боби Мојсоски, директор на затворот ..Идризово”.
Милевски нагласи дека е лошо законодавната и извршната власт да се мешаат во работата на судовите и истакна дека најверојатно нема да гласа за предлог-законот за амнестија.
-Мислам дека треба прво судот да си го каже своето, да видиме кој е виновен а кој не е, па дури потоа политичарите да размислуваат дали е неопходно дали е потребно да му се даде помилување од претседателот или амнестија од парламентот. Генерално е лошо кога законодавната или извршната власт се мешаат во судската власт. Да го видиме прво законот, но јас лично мислам дека не би го поддржал, изјави Милевски, кој вели дека не го видел законот.