Горан Милевски предлага да се избере нова Историска комисија

by Fokus

Преку обраќање на Фејсбук, лидерот на ЛДП и министер за локална самоуправа, Горан Милевски, денеска објаснуваше како не е ни за францускиот предлог, но не е ни против почетокот на преговорите и предложи „доколку Владата сепак одлучи да започне преговори на лизгав терен со Унијата, да се редефинира составот на историската комисија и начинот на нејзиниот избор“.

Според Милевски, со новиот начин на избор на нејзините членови од страна на Собранието државата ќе била сигурна дека немало да се „начне македонскиот идентитет“.

Историската комисија ја избра Владата, а според Милевски сега кога ќе почнат преговорите со ЕУ Собранието треба да го има клучниот збор при изборот на историчарите кои треба да бидат „еминентни“. Но тој со неговиот предлог ја вмешува и политиката, велејќи и дека двете најголеми партии треба да предложат историчари кои тие ги сметаат за „еминентни“.

Според неговиот предлог, во историската комисија треба да има двајца претставници кои ќе ги делегирала МАНУ, а по еден претставник треба да делегира претседателот на државата, најголемата владејачка партија, најголемата опозицика партија и еден претставник делегиран од најголемата партија на „немнозинското население“.

 

Поврзани новости