425
Поранешниот висок функционер во Министерството за внатрешни работи, Горан Грујевски, против кого е распишана меѓународна потерница, имал уште еден идентитет под името Владимир Варелов, објави телевизијата 21.
Според извори на телевизијата, Интерпол е известен за ова име под кое се претставува Грујевски, кого Специјалното јавно обвинителство го товари за злоупотреба на службена положба, спроведување на незаконско прислушување и уништување на системите за комуникации.
СЈО за Грујевски бараше притвор, по што Апелација определи и Врховен потврди, меѓутоа тој се впушти во бегство и моментално с енедостапен за македонските институции.