Горан Бреговиќ ќе пее во дискотека во Гевгелија!

by Fokus

Популарниот музичар Горан Бреговиќ – Брега, доаѓа на настап во Македонија. Заедно со својот оркестар од 12 музичари, на 25-ти јуни тој ќе има концерт во дискотеката Де Факто во Гевгелија.

Дискотеката која функционира околу десет години, има капацитет од 5.000 гости, а резервациите за настапот на балканската ѕвезда веќе биле во тек. Бреговиќ гостуваше во Македонија пролетта во 2019 година, кога во Скопје го промовираше албумот „Три писма од Сараево“.

Истата година, во октомври, тој заедно со „Бјело дугме“ одржа концерт и на плоштадот Македонија во Скопје, а повод за настанот беше отворањето на казино „Фламинго” во хотелот „Мериот“.

Вики Клинчарова

Поврзани новости