Горан Анѓушев: Феро Инвест е единстевната македонска компанија која дава комплетна услуга за фотоволтаични електрани

by fokus

Феро Инвест е единствената македонска компанија која на инвеститорите им овозможува комплетна услуга за изградба и откупување на електрична енергија од фотоволтаици, изјави во утринската емисија ,,Здраво Македонијо“, на Канал 5 Горан Анѓушев, директор за развој на проекти за фотоволтаични електрани во Феро Инвест.

„Во Феро Инвест инвеститорите на едно место добиваат се и не мора да одат по различни правни субјекти за да им изработат различни фази од проектот. Сите потребни услуги кај нас се под еден покрив, во една  зграда-од идеја и желба на инвеститорот, преку сите потребни нацрти, изградба на електраната, откуп преку нашата фирма РЕС на електричната енергија која таа електрана ја произведува, како и нејзино одржување и мониторинг на долг рок’’-нагласи Горан Анѓушев.

Анѓушев информираше дека Феро Инвест главно гради поголеми фотоволтаични електрани на земја, чии сопственици инвестираат во нив со цел производената електрична енергија да ја продаваат, како и електрани на кровови, пред се на фабрички хали, кои на тој начин обезбедуваат електрична енергија за потребите на својот производен процес.

Во моментот Фероинвест гради околу 50 фотоволтаични електрани, со инсталирана моќност од околу 80 мегавати, од кои дел се во сопственост на компанијата, а дел се за други клиенти.

ПР текст

Поврзани новости