Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор ја доби наградата „Златна самба“ како најдобар бразилски фудбалер за 2023 година.
Втор во гласањето беше напаѓачот на Ал-Хилал, Нејмар, а дефанзивецот на ПСЖ, Маркињос е во првата тројка.
До 2021 година, „Златната самба“ му се доделуваше на најдобриот бразилски играч кој игра во Европа.
Во последните три години наградата одеше во рацете на Нејмар.
Сезонава Винисиус одигра 13 натпревари на кои постигна 6 гола и имаше 4 асистенции.
VINI JR. É O MAIS NOVO GANHADOR DO SAMBA GOLD 2023!!! 🏆🇧🇷⚽
O craque da Seleção e do Real Madrid superou seus adversários e faturou o troféu de melhor jogador brasileiro na categoria masculino!
Vencedor dos três últimos anos, Neymar ficou em 2º, seguido de Marquinhos. pic.twitter.com/yfJBvvjSQk
— Sambafoot (@Sambafoot) November 24, 2023