Во Центарот за управување со кризи во 13:11 часот на бројот 112 е добиена информација дека патничко моторно возило марка „голф“ влетало во реката кај мост „Кочо Рацин“ во Прилеп.
Од Регионалниот ЦУК Битола контактирале со ТППЕ Прилеп и добиле известување дека имаат екипа на лице место, како и од Итна медицинска помош Прилеп и дека во возилото имало две лица кои се извлечени. На терен, согласно ситуацијата, била излезена и полициска екиpа од Полициската станица Прилеп.
Едното од лицата е неповредено, додека другото било повредено, но било надвор од животна опасност
-Во возилото имало 2 лица, од кои едното лице се здобило со лесни телесни повреди и е пуштено на домашно лекување, додека другото лице е со тешки телесни повреди, но е вон животна опасност и веднаш е транспортирано со Брза помош во ЈЗУ Општа болница „Прилеп“, велат од ЦУК.