Еден од најдобрите, ако не и најдобриот фудбалер на италијанската фудбалска репрезентација, Федерико Киеза, го напушти Торино и се упати кон Англија, каде од оваа сезона ќе игра за Ливерпул.
Киеза не беше во плановите на новиот тренер на „Старата дама“, Тиаго Мота, па реши да ја смени средината на една година пред истекот на договорот.
Како што пишува магазинот Атлетик, „Црвените“ постигнале договор со Јувентус кој ќе добие отштета од 12.000.000 евра, плус 3.000.000 евра бонуси, а италијанскиот напаѓач ќе потпише четиригодишен договор.
Киеза пристигна во Јувентус пред четири години и за тоа време одигра 131 натпревар, постигна 32 гола и 23 пати асистираше.
Со репрезентацијата на Италија го освои Европското првенство кое се одржа во 2021 година.