Ги молиме сите граѓани да не излегуваат од домовите, доколку ви треба помош јавете се на 112, предупредуваат надлежните во Словенија.
Во Словенија во моментов има вонредна ситуација. Сирените се огласија низ целата земја. Врне пороен дожд, водостојот на реките е зголемен. Затворени се бројни патишта. Улиците се поплавени, а луѓето се евакуирани.
– Обилните врнежи од четврток предизвикуваат проблеми и грижи во делови од Словенија. На терен се 168 противпожарни единици, а според Управата за заштита и спасување во последните 12 часа евидентирале 1000 несреќи – пишуваат локални портали.
Сирени за предупредување за поплави се огласија и во Штаерска, пишува Дело. Според прогнозите на Агенцијата за животна средина на Република Словенија (АРСО), на северозапад од земјата може да наврнат од 100 до 125 милиметри, на запад од 50 до 85, а на други места од 50 до 75.
Метеоролозите пишуваат дека ќе врне пороен дожд цел ден.
А поплавите веќе стигнаа во некои делови на Словенија. Читатели испратија снимки од поплавениот Шоштањ, каде вода се излева речиси од секоја пора во градот.
– Луѓето спасуваат куќи и околу нив, копаат канали за да излезе водата од дворот. Во градот се е раздвижено од пожарникари, зголемен сообраќај има на патиштата – вели читателот.
Во земјава во моментов е на сила црвено предупредување за североисточна, северозападна и централна Словенија, со важност до денеска на полноќ.
Во градот Сора, недалеку од Љубљана, поплавата однесе автомобили, а пожарникарите неуморно се бореа да ги отстранат паднатите дрвја.
Низ цела Словенија затворени се многу патишта, како поради поплави, така и поради одрони од кал.
Фото: 24ur.com/Nejc Bernik