425
Страшно невреме го зафати денеска прилепскиот регион, кое беше проследено со дожд и град, а направи огромни штети на земјоделските култури.
Според првичните процени на општинските комисии, зафатени се над 300 хектари главно во атарите на Мало и Големо Коњари, месноста „Орде Чопела“ и атарот на населабта Варош. 100 % се уништени површините со тутун, пиперкии и житни култури.
Комисиите ги повикаа земјоделците од утре да почнат да ги пријавуават штетите. И во текот на утрешниот ден комисиите ќе излезат на терен иако денеска првично беа во атарите на погодените реони.