Големо невреме во Делчево: Урнати бандери, билборди, панели

by Фокус

Големо невреме денеска го зафати градот Делчево.

Во моментот поплавени се поголем број градски улици.

Делчево кратко време беше без електрична енергија, а сообраќајот на магистралата А3 се одвива во отежнати услови.

На повеќе локации регистирани се срушени бандери, светлечки реклами и билборди, како и срушени ќерамиди, оџаци и соларни панели.

Најголеми штети се регистрирани во населбата Ново Делчево каде, исто така, поплавени се подруми на граѓаните.

Поврзани новости