Големиот Марко по препливувањето на Охридското Езеро: Не очекував дека ќе биде волку лесно

by fokus

Дванаесетгодишниот Марко Пејчиноски направи подвиг за паметење, откако за околу девет часа во еден здив успеа да го преплива Охридското езеро. Тој утрово во 9 часот и 30 минути тргна од Св. Наум, а на градско пристаниште пристигна околу 18 часот и 15 минути.

-Не очекував дека ќе биде олку лесно. Сега, откако пристигнав на целта чуствувам замор, а во водата на Охридското Езеро ми беше супер, беа првите зборови на Марко после пристигнувањето на градското пристаниште, објави порталот Охрид Њуз.

ФОТО: Охрид Њуз

Поврзани новости