Оваа недела дистрибутерите на горива цели два дена продавале горива со пониска акциза. До ова недоразбирање дошло откако оваа недела цената на горивата се променува два пати.
Првата промена доаѓа од РКЕ во понеделникот со одлука, со која се утврдени највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, додека втората доаѓа поради промена на Закон за акцизите. Недоразбирањето се случува поради конфузната промена на одлуката на РКЕ, односно, законот за акцизи во Собранието се донесува на 02.04.2021 година, и иако официјално пишува дека е објавен на 06.04.2021 година истиот реално се објавува 07.04.2021 година, врз основа на кој се менува одлуката на РКЕ донесена во понеделникот со што се променува цената на акцизата ретроградно.
Од нафтениот сектор велат дека нивните загуби се големи и недопустливи во време на пандемија, кога секој се бори за својата работа и опстанок. Затоа коментираат дека несомнено овие постапки на институциите ја става цела нафтена индустрија во Македонија во огромни загуби. Оттаму прашуваат и дали некоординираноста на институциите предизвикува штети кои потоа не може да се поправат?