Големи пожари и во Хрватска

by fokus

Хрватските пожарникари се уште се борат со пожарот кој утринава избувна кај Скрадин и зафати околу 500 хектари ниска вегетација и борова шума.

Најтешка е состојбата на делницата Рупа – Пластово, а постои можност пожарот да се прошири во правец на Дубравица и Националниот парк Крка. Вечерта, по наредба на главниот началник на пожарникарите, карловачките пожарникари се упатиле кон подрачјето на Дубравица.

Голем пожар имаше синоќа во Тучепи, каде што оганот се закануваше да ги зафати и куќите. Се слушаа и детонации, наредена беше итна евакуација.

Поврзани новости