Во Шпанија се издадени неколку временски предупредувања бидејќи обилните дождови предизвикуваат големи поплави низ делови од земјата, објави Би-би-си. Во регионите Мадрид, Толедо и Кадиз има максимални црвени временски предупредувања.
Неделниот фудбалски натпревар меѓу Атлетико Мадрид и Севиља беше прекинат поради поројниот дожд.
-Жителите во Мадрид се замолени да останат дома поради исклучителните и ненормални врнежи, рече градоначалникот.
Само во Мадрид 190 пати биле повикани пожарникари да ја ублажат состојбата во поплавените патишта.
Бурата Дана предизвика шут и кал да се слеваат по шпанските патишта, додека многу возила се мачеа да се движат во силно поплавените области. Голем дел од врнежите се концентрирани во Кадиз, Тарагона и Кастело – крајбрежни региони низ целата земја.
На луѓето им беше советувано да избегнуваат непотребни патувања во североисточниот град Алканар, Тарагона.
Според весникот Ел Паис, некои железнички линии се прекинати низ Шпанија, а возачите се предупредени да избегнуваат одредени поплавени патишта во силно поплавените области.
Временските настани овој викенд следат по жешкото лето во Шпанија и поголемиот дел од јужна Европа.