Поп дивата Калиопи и популарната српска турбо-фолк пејачка Јелена Карлеуша се подготвуваат за своите концерти во Скопје, кои ќе одржат на ист датум, на 19-ти октомври.
Концертот на Калиопи ќе се одржи во Арена Борис Трајковски, додека пак Карлеуша ќе пее во Спортскиот центар Јане Сандански. Зад големиот концерт на Калиопи стои Прагма, додека пак концертот на Карлеуша е во организација на Евент груп продукција.
Калиопи веќе одржа еден ексклузивен концерт во јули во Хераклеа, Битола, а минатиот месец одржа концерт на плоштад во Крива Паланка, во склоп на Џој Фест. На почетокот на месецов пак, беше главна музичка ѕвезда на хуманитарен концерт во организација на Град Бања Лука.
Карлеуша пак, со концертот во Скопје ќе ја започне турнејата Алфа и Омега и најавува големо шоу.
Билетите за двата концерти се пуштени во продажба, и тоа за Калиопи со почетна цена од 600 денари, па се до 11.000 за пакет од четири влезници и шише алкохолен пијалок, а за Карлеуша од 1.000 денари најевтините, се до ВИП Пакети по цена од 12.000 денари со вклучена резервација на висока маса, ваучер за пијалок од 6.000 денари и 4 ВИП карти.
Вики Клинчарова