Годинава на јубилејното 20-то издание на манифестацијата Пивофест 2023 која се одржува во Прилеп, публиката ќе ја забавуваат голем број на познати балкански и домашни музички ѕвезди.
Настанот ќе се одржи од 13-ти до 16-ти јули и веќе биле прецизирани сите детали и била изготвена програмата. Сепак, од организацијата не ги соопштуваат деталите, се додека не се завршеле сите административни процедури со општината.
Од свои извори „Фокус” дознава дека ќе бидат присутни музичари кои ќе ги задоволат сите музички вкусови, а нивните хонорари ќе биле исплатени од страна на спонзори.
За разлика од годинава, лани на манифестацијата најмногу беа застапени домашните пејачи, со исклучок на неколку музички групи од соседството.
Од општината тогаш ни изјавија дека од буџетот одвоиле два милиони денари за Пивофест, сума која традиционално секоја година била предвидена за настанот. Дополнително, во финансирањето се вклучени и општествено одговорни компании од приватниот сектор.
Вики Клинчарова