386
Полските граничари заплениле 440 килограми кокаин од Јужна Америка во балтичкото пристаниште Гдиња, објавија локалните медиуми во четвртокот, 23 август.
Заплената вредна 180 милиони полски злоти (40,2 милиони евра) е извршена во заедничка акција со царинските службеници и даночните инспектори во пристаништето Гдиња, при што е приведен 46-годишен Полјак, објави Радио Полска.
Се додава дека тоа е една од најголемите расчистувања со шверцерите на дрога во земјава во последните години.
„Во обидот за шверц на дрога биле вмешани веројатно десетина лица“, изјави портпаролката на граничната полиција Ана Михалска.
Обвинителот Карол Борчолски рече дека осомничениот може да се соочи со казна затвор до 15 години доколку биде обвинет и осуден.