63
Агенти на Службата за царински надзор на Даночната управа на Шпанија заплениле 8 тони кокаин скриени во контејнер во пристаништето Алхесирас, соопшти Министерството за финансии на таа земја.
Дрогата била скриена во метална конструкција дизајнирана да се избегне откривање на скенерот, кој бил целосно натоварен, поради што цариниците го отвориле контејнерот.
Во соопштението на Министерството за финансии се наведува дека дрогата била шверцувана од Суринам, со план кокаинот да се продава низ Шпанија и Португалија.
Во таа акција на Царинската служба за надзор против шверц на дрога се уапсени три лица, додаваат од Министерството.