Петнаесетгодишната Лина исчезна во Франција во саботата. Полицијата оттогаш ја бараше без престан, а денес откри нови информации кои започнаа голема координирана акција, изјави државната обвинителка Саверн, Алин Клеро.
Таа додаде дека операцијата се одвива на неколку точки во потенцијалната област на исчезнување на Лина, во Бас-Рин и се однесува на информации корисни за истрагата што мора да се проверат.
-По седумдневното собирање информации, истражителите ќе ги проверат сите податоци, дигитални или од сведоштва, објасни извор близок до истрагата, а пренесува АФП.
Во Белефос, град на седум километри од Сен Блез-ла-Рош, каде Лина исчезна, автомобилот беше претресен денес. Техничари во бели комбинезони, маски и ракавици го прочешлале темносиниот автомобил пред да го напуштат местото на настанот.
-Проверката на автомобилот во Белефосе е дел од голема операција, но ќе има и други проверки, додаде овој извор.
-Кога сте градоначалник на мало село како Белефос, ги познавате сите, изјави градоначалничката Алис Морел.
Автомобилот што го прегледале истражителите е, според неа, на чесно и познато семејство во селото.