249
Голема полициска акција во моментов се одвива на подрачјето на главниот град.
Се вршат претреси на неколку локации, со кои се опфатени и повеќе скопски фирми кои биле инволвирани во економски криминал.
Специјалците се на терен, а како што се дознава, досега се уапсени десетина лица.
МВР потврдува дека во тек се претреси и апсења, а за повеќе информации за целта на акцијата и за деталите, најавуваат информации подоцна, во текот на денот.