Голема полициска акција утрово во Хрватска, се врши претрес во домот на министерот за здравство

by Fokus

Припадници на хрватската Национална полициска канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал утрово организираа голема акција во која упаднаа во домот на актуелниот министер за здравство Вили Берош.

На адресата на министерот за здравство Вили Берош, како што објави „Јутарњи лист“, дошле со наредби за претрес.

Според првичните информации, освен министерот, цел на истражителите се и неколку лекари, меѓу кои и директори на болници.

Наскоро се очекуваат повеќе детали за акцијата.

Поврзани новости