Голема полициска акција во Грчец, се вршат претреси и се апсат членови на криминална група

by Fokus

Полициски екипи утрово вршат претреси и приведуваат членови на криминална група од скопското село Грчец, јавува МИА, повикувајќи се на свои извори.

Според информациите на државната новинска агенција, станува збор за полициска акција насочена кон членови на криминален клан од Грчец, поврзан со трговија со дрога и убиства.П

Претреси се прават во Грчец, Дуќанџик и Чаир, како и на други локации.

Според информациите на МИА, веќе има неколку уапсени лица, а акцијата е сè уште во тек.

Во текот на денот, по завршувањето на акцијата, се очекуваат детали од полицијата.

Поврзани новости