Голема победа на Бајден, Демократите ја задржаа контролата врз Сенатот

by Fokus

Демократите ја задржаа контролата врз Сенатот, откако стигнаа до неопходните 50 сенаторски места. Актуелната сенаторка на Невада, Кетрин Кортез Масто ќе остане на таа позиција и во следните шест години, објавија американските медиуми, означувајќи ја како победа над противкандидатот Адам Лаксалт.

Нејзината победа ја одразува изненадувачката сила на демократите низ САД оваа изборна година. Лидерот на демократското мнозинство во Сенатот, Чак Шумер рече дека резултатите покажуваат дека американците ја отфрлија „насилната реторика“ на Републиканците.

Поврзани новости