Најмалку четири лица загинаа, а 15 се повредени во мексиканската држава Нуево Леон кога силните ветришта урнаа бина на предизборен митинг за претседателскиот кандидат Хорхе Алварез Мајнез.
Несреќата се случила во градот Сан Педро Гарза Гарсија, а Мајнез, претседателот на партијата Граѓанско движење, се гледа на видеата на социјалните мрежи како бега додека сцената се урива, пренесува АП.
Градоначалникот на тој град Мигел Тревињо објави дека има луѓе кои се „заглавени и повредени“.
Претседателските избори во Мексико се одржуваат на 2 јуни, а според анкетите Мајнез е на третото место, по кандидатот на опозицијата Сочитл Галвез и поранешниот претседател на Мексико Сити и кандидат на владејачкото Движење Народна преродба, Клаудија Шајнбаум.
АП наведува дека оваа кампања ја одбележале досегашните убиства на повеќе од 10 кандидати на локалните избори.