Голема несреќа во Грција, загинаа двајца мажи, бебе и девојче

by Фокус

Тешка несреќа околу пладне се случила во Грција. Во несреќата учествувал камион и три автомобили, а загинати се четири лица. Четири други лица се тешко повредени. Загинатите се двајца мажи, бебе и девојче (13).

Несреќата се случила откако возачот (39) на камионот, кој се движел кон Кипарисија, на патот Пиргош-Кипарисија, по свиок од непозната причина изгубил контрола и влегол во спротивната коловозна лента, па удрил во три автомобили кои се целосно оштетени.

Во еден од автомобилите загинале татко (38) и неговото бебе (1), а неговата сопруга (38) и синот (6) се тешко повредени и пренесени во болницата во Патрас. Во другото возило, кое било заглавено под камионот, биле татко (50) и ќерка (13), кои починале на лице место.

Во судирот повредени се и млад човек (25) кој бил интубиран во Каламата, возачот на камионот и уште еден маж (61) исто така се хоспитализирани.

Поврзани новости