Силна експлозија одекна во централниот дел на Париз денес наутро, потврди полицијата. Според извештаите неколку лица се повредени во експлозијата за која се верува дека ја предизвикало истекување на гас.
Експлозијата се случи на улицата Тревиз, предизвикувајќи пожар и хаос и на соседните улици, објавија локални сведоци и новинари.
Полицијата потврди „силна експлозија“, барајќи од луѓето да се држат настрана од оваа област и да направат пат за возилата за итни случаи.
Прелиминарните извештаи од местото на настанот посочуваат дека неколку лица се повредени, иако сѐ уште нема официјални известувања за ситуацијата.
Според француските медиуми, експлозијата, веројатно предизвикана од истекување на гас, се случила во пекарницата која се наоѓа во 9 област на Париз. Областа, која се наоѓа на десниот брег на реката Сена, е дом на неколку места од интерес меѓу кои Париската опера, Булевар Хаусман и Театар Париз.