Голема експлозија кај аеродромот во Кабул, најмалку 13 убиени

by fokus

Голема експлозија кај аерoдромот „Хамид Карзаи“ во Кабул се случила нешто пред 16 часот на влезот на аеродромот, потврди Пентагон. Според првичните информации, нападот се случил во непосредна близина на хотелот Барон кој се наоѓа спроти влезот на аерoдромот.

После првата експлозија се случиле уште две. Талибанците известуваат дека во ескплозијата се убиени најмалку 13 лица, вклучувајќи и странски државјани и деца, а ранети биле талибански чувари, јавува Ал Џезеира.

Репортерот на Фокс њус на Твитер објави дека се ранети најмалку тројца американски војници.

Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби потврди дека дошло до експлозија, но други детали не даде.

Според извештаите, се слушаат сирени, а повредените се пренесуваат во болница. Дописничката на Си Ен Ен од Белата куќа, Кејтлин Колинс на Твитер објави дека најверојатно станува збор за самоубиствен напад.

Поврзани новости