Голема бура во Германија, најава за торнада

by Fokus

Бурата Иленија ја погоди Германија во текот на ноќта, посебно северните и источните делови, а зад себе остави паднати дрвја, уништени покриви од куќи. Откажани се бројни летови, а железницата „Дојче бан“ го прекина сообраќајот во неколку сојузни држави.

Германската метеоролошка служба издаде црвени предупредувања за северот на земјата се до денеска навечер. Најавуваат можност за торнада.

Во текот на ноќта, јаки налети на ветар од повеќе од 100 км/ч ја зафатија земјата, особено на северот, во средината и на истокот. Во планините Харц, измерена е брзина на ветрот од 152 km/h, јави Билд.

Берлинската противпожарна бригада прогласи вонредна состојба поради бурата Иленија.

-Од 2 часот наутро дојде до нагло зголемување на операциите поврзани со времето, велат од таму. неколку доброволни противпожарни друшва се повикани како помош на професионалните пожарникари. Во Лихтерфелд паднати се повеќе стебла врз паркирани автомобили, а ветрот однесе и еднен столб за осветлување.

Ветрот уништи шатор на драјв-ин центар за тестирање во Северна Рајна Вестфалија, соопштија пожарникарите, но никој не е повреден.

 Хамбург во хаос, училиштата затворени

Најмногу проблеми имало во Хамбург. Поплавен е пазарот, а искорнати се дрвја на повеќе места.

Иленија предизвика голема штета и во Долна Саска и во Бремен. На автопат, еден возач се залетал во паднато дрво, но не е повреден.

Училиштата во Северна Рајна Вестфалија денеска се затворени. Министерот за образование ги повика учениците денеска да останат дома. И градинките ги замолија родителите, доколку е можно да не ги носат децата денеска.

Прекин на железничкиот и воздушниот сообраќај

Невремето ги погоди воздушниот и железничкиот сообрачај. Паднатите дрвја го оневозможија движењето на возовите.

Од претпазливост, „Луфтханза“ откажа 20 летови. на патниците име советувано да го проверат статусот на својот лет пред да се упатат кон аеродромот. Според операторот, врските со Берлин, Хамбург и Минхен се најпогодени на аеродромот во Франкфурт.

Метеоролошката служба во Тиригија очекува многу дожд. Затоа неколку окрузи се подготвија за поплави.

Бројни волонтери помогнаа да се наполнат околу 2.000 вреќи со песок.

 

Поврзани новости