Во тек е голема акција на хрватската полиција и УСКОК, објавуваат хрватските медиуми. Како што дознава Јутарњи.хр, полицијата рано утрово „тропнала“ на вратите на неколку лица во Загреб. Индекс известува дека е уапсен генералниот директор на Хрватската радиотелевизија (ХРТ), Казимир Башиќ.
Се тврди дека станува збор за сомненевање за извршени коруптивни кривични дела, главно поврзани со работата на градската администрација во Загреб.
Според неофицијални информации, станува збор за сомневања за кривични дела извршени за време на поранешната градска администрација, на крајот на минатата година и во првата половина на оваа година. Наводно уапасени се и други познати личности.
Пред малку се огласија и од град Загреб.
„Утрово во 6:00 часот вработените во Државното правобранителство на Република Хрватска, Канцеларијата за сузбивање на корупцијата и организираниот криминал, започнаа истраги во службените простории на градската администрација.
Градоначалникот Томислав Томашевиќ кратко рече дека новата градска администрација целосно ја поддржува независната работа на државните институции и дека ќе продолжи да се залага за транспарентност во работата на градската администрација, сите градски канцеларии, компании, институции и придружни организации “, соопшти Градот Загреб.