Голема акција во Белград, уапсени 17 лица кои планирале напад на највисоки функционери

by Fokus

Во утринската полициска акција во Белград, по наредба на Обвинителството за организиран криминал и во соработка со Европол, уапсени се 17 лица, членови на организираната криминална група т.н. Врачарци, осомничени за повеќе кривични дела, соопшти Обвинителството.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, оваа група била финансирана од организираната криминална група „Кавачки клан“ и била наменета за извршување најтешки кривични дела во Србија, меѓу другото, и за напади на највисоките државни функционери, наведоа од Обвинителството.

Поврзани новости