41
Словенечката полиција откри и заплени голема пратка кокаин во пристаништето Копер, околу 260 килограми, откако двајца нуркачи биле забележани во близина на брод кој превезувал соја од Јужна Америка, јави националната телевизија на земјата.
Двајцата нуркачи биле забележани од обезбедувањето додека се обидувале да ги извлечат торбите со вреден нелегален товар од баласт резервоарот на бродот, јавува словенечката новинска агенција СТА.
Двајцата мажи, државјани на Бразил и Албанија, наводно пристигнале на пристаништето со џет скии преку реката Рижана.
Како што јави ТВ Словенија, полицијата запленила 260 килограми кокаин, кој на црниот пазар би вредел околу 10 милиони евра.